Македонска Каменица: Купил камион, му поставиле регистарски таблички од друго возило и си го возеле
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Г.(37) и И.Г.(32), двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
Второпријавениот купил товарно возило „рено кангу“ и на него со првопријавениот поставиле регистарски таблички од друго возило.
На 21.07.2024, првопријавениот го управувал товарното возило на регионалниот пат с.Саса - Македонска Каменица, при што не застанал на даден знак на сообраќајна патрола и се дал во бегство.
24.09.2024 - 16:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа