Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија веќе има еден дата центар во Прилеп

    Македонија веќе има еден дата центар во Прилеп

    28.08.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски најави изградба на национален дата-центар кој треба да ги поврзе државните институции во единствен систем и да обезбеди повисоко ниво на сајбер-заштита на податоците.

    Во изјава дадена во Берово, Мицкоски рече дека државата веќе располага со секундарен, односно recovery дата-центар во Прилеп, но дека во рамките на реформската агенда со Европската Унија е предвиден и нов примарен национален дата-центар.

    Според премиерот, проектот ќе биде поддржан со европски грант и поволен заем, а преку системот на интероперабилност треба да ги поврзе институциите и нивните податоци на едно место.

    „Сега секоја институција од сајбер-напади се брани како знае и умее“, рече Мицкоски, додавајќи дека со новиот систем би се воспоставила централизирана заштита за институциите.

    Планот, како што објасни, е примарниот дата-центар да биде поврзан со постојниот секундарен центар во Прилеп, кој би служел како резервно решение во случај на дефект или пад на системот.

    Како трето ниво на заштита, Владата планира и национален cloud-систем во кој би се чувале резервни копии од податоците на институциите што ќе бидат поврзани во системот.

    Мицкоски оцени дека со ваквата инфраструктура државата треба да ја зголеми отпорноста на сајбер-напади и да обезбеди поголема сигурност за државните податоци и дигиталните услуги.

    Во продолжение на изјавата тој повторно ја нападна опозицијата, тврдејќи дека е против дата-центри, рудници, хидроцентрали, автопати и инвестиции.

    „Тие се во суштина против Македонија. Денес опозицијата е против Македонија и тоа е единственото логично објаснување“, изјави Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

    20.10.2026 во 17:45

    Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол

    20.10.2026 во 17:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.