Close Menu
Press24
    Најново

    Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

    24.11.2026 во 19:56

    Утре голема акција за чистење на Скопје: Ѓорѓиевски најави активности на повеќе од 50 локации

    24.11.2026 во 19:40

    Падна во вода тезата дека се переле пари од Србија во Македонија: Петрушевски за случајот „Алта банка“

    24.11.2026 во 19:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација
    • Утре голема акција за чистење на Скопје: Ѓорѓиевски најави активности на повеќе од 50 локации
    • Падна во вода тезата дека се переле пари од Србија во Македонија: Петрушевски за случајот „Алта банка“
    • Македонија окована во студ: Во 19 часот минусни температури во повеќе градови
    • Дел од Центар утре без вода: Проверете дали вашата улица е на списокот
    • Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали
    • Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години
    • Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

    Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

    24.11.2026 во 19:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската јуниорска и сениорска кикбокс репрезентација, кои на Светското јуниорско кикбокс првенство во Италија освоија три златни и два бронзени медали, како и еден златен, два сребрени и шест бронзени медали на Европското сениорско кикбокс првенство во Скопје.

    Импресионирана од успехот на младите спортисти, претседателката, им честиташе за одличните резултати. За неа, медалите и пехарите се доказ за спортско витештво, посветеност, дисциплина, пожртвуваност и верба дека со решеност може да се постигне дури и неможното.

    Таа во врвните кикбоксери препознава личности кои се инспирација за нивните соученици и врсници, но и за идните генерации.

    За водството на „Кикбокс Маитаи федерација на Македонија“ постигнатите резултати во сениорската и во јуниорската конкуренција се сметаат за врвен дострел, особено ако се има предвид дека низ финансиска призма тие се нерамноправни со другите натпреварувачи.

    Секој од спортистите ја сподели со претседателката личната приказна за патот до врвот.

    Претседателот на „Кикбокс Маитаи федерација на Македонија“ и селектор на репрезентацијата, тренерот, како и помошник тренерот на репрезентацијата ја опишаа тешката, но прекрасна работа со младите луѓе, крунисана со врвни успеси.

    Елена Неделковска, најдобрата судијка на Европското сениорско кикбокс првенство 2026 во Скопје, ја раскажа својата исклучителна спортско-судиска одисеја.

    За Сиљановска-Давкова, фасцинантните успеси на девојките на Светското и на Европското првенство целосно ја демантираат тезата дека кикбоксот не е женски спорт.

    Присутните, во спортувањето гледаат најефективен и најевтин лек против насилството и агресијата.

    Претседателката нагласи дека спортската дипломатија е врвно миротворно оружје на малите држави заедно со културната и економската и дека вреди да се инвестира во здравото тело и здравиот дух.

    Прочитај повеќе

    Утре голема акција за чистење на Скопје: Ѓорѓиевски најави активности на повеќе од 50 локации

    24.11.2026 во 19:40

    Падна во вода тезата дека се переле пари од Србија во Македонија: Петрушевски за случајот „Алта банка“

    24.11.2026 во 19:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.