Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до четврток учествува на меѓународната конференција „Global Banking & Markets – CEE, Central Asia & Türkiye 2026“, посветена на глобалните финансиски трендови, управувањето со ризиците, движењата на каматните стапки, пристапот до капитал, финансирањето и новите можности на меѓународните пазари.
Во објава на Фејсбук, министерката посочи дека настанот обединува високи претставници на финансиски институции, банки, инвеститори, компании и креатори на политики од регионот и пошироко, нудејќи панел-дискусии и презентации на експерти од меѓународниот финансиски сектор.
Таа истакна дека учеството на вакви конференции претставува можност за размена на знаења и искуства, воспоставување нови контакти и унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции и инвеститорската заедница во интерес на економскиот развој на државата.

