Close Menu
Press24
    Најново

    Во вторник е неработен ден

    24.11.2026 во 18:05

    Им се заканувал на двата сина со остар предмет и ја оштетил покуќнината: Приведен скопјанец

    24.11.2026 во 17:55

    Силен земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, следеа уште пет потреси за 14 минути

    24.11.2026 во 17:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во вторник е неработен ден
    • Им се заканувал на двата сина со остар предмет и ја оштетил покуќнината: Приведен скопјанец
    • Силен земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, следеа уште пет потреси за 14 минути
    • Мицкоски утре во посета на Бутел, ќе отвори нов објект во ОУ „Ацо Шопов“
    • Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – најавени исклучувања на три локации
    • Следува пресврт на времето: Обилни врнежи ќе ја зафатат целата држава
    • Студен бран ја зафати Македонија: -3 степени измерени во 16 часот
    • 100 нови возила и самостоен Центар за Итна помош во Скопје: Клековски откри што се менува во системот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во вторник е неработен ден

    Во вторник е неработен ден

    24.11.2026 во 18:052 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До крајот на 2026 година за сите граѓани останува уште еден неработен ден – 8 Декември (вторник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“, со што завршува овогодинешниот календар на државни празници.

    Во пресрет на 2027 година, согласно важечкиот Закон за празниците, граѓаните ги очекуваат десет неработни денови за сите, меѓу кои и пет можности за продолжен викенд.

    Според календарот за 2027 година, неработни денови за сите граѓани се: 1 јануари (петок) – Нова година, 7 јануари (четврток) – Божик, 9 март (вторник) – првиот ден на Рамазан Бајрам, 3 мај (понеделник) – вториот ден на Велигден, 24 мај (понеделник) – „Св. Кирил и Методиј“, 2 август (понеделник) – Илинден, 8 септември (среда) – Ден на независноста, 11 октомври (понеделник) – Ден на народното востание, 23 октомври (сабота) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 декември (среда) – „Св. Климент Охридски“.

    Продолжени викенди во 2027 година ќе има за Нова година (од 1 до 3 јануари), за велигденските празници со Велики петок за православните верници (од 30 април до 3 мај), за „Св. Кирил и Методиј“ (од 22 до 24 мај), за Илинден (од 31 јули до 2 август) и за Денот на народното востание (од 9 до 11 октомври).

    Покрај овие датуми, предвидени се и посебни неработни денови за припадниците на верските и етничките заедници – меѓу кои Бадник, Водици, католичкиот Велигден и Божик, Курбан Бајрам, Свети Сава, Меѓународниот ден на Ромите, Денот на албанската азбука, Националниот ден на Власите, Меѓународниот ден на Бошњаците, Јом Кипур и Денот на наставата на турски јазик – поради што на граѓаните им се препорачува пред резервација на патувања да ја проверат и официјалната програма што ќе ја објават надлежните институции.

    Прочитај повеќе

    Им се заканувал на двата сина со остар предмет и ја оштетил покуќнината: Приведен скопјанец

    24.11.2026 во 17:55

    Мицкоски утре во посета на Бутел, ќе отвори нов објект во ОУ „Ацо Шопов“

    24.11.2026 во 17:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.