Close Menu
Press24
    Најново

    100 нови возила и самостоен Центар за Итна помош во Скопје: Клековски откри што се менува во системот

    24.11.2026 во 16:43

    СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Славески поради случајот „Алта банка“

    24.11.2026 во 16:25

    Ја нападнале додека напасувала добиток – Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

    24.11.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 100 нови возила и самостоен Центар за Итна помош во Скопје: Клековски откри што се менува во системот
    • СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Славески поради случајот „Алта банка“
    • Ја нападнале додека напасувала добиток – Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда
    • Паркот „Жена-борец“ добива нов лик: Се обновуваат патеките, зеленилото и урбаната опрема
    • Тетовец ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал со оружје, полицијата му одзеде пушка и пиштол
    • „Перач на автомобили го прикажувале како сопственик на возила“: Кривична пријава за автоплац во Охрид
    • Тетовчанка трипати се обидела да подметне фалсификувани 50 евра
    • „Дали имавте притисок?“: Филипче бара од Сиљановска одговор за номинацијата на Славески
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Славески поради случајот „Алта банка“

    СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Славески поради случајот „Алта банка“

    24.11.2026 во 16:25Updated:24.11.2026 во 16:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието поднесоа интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со случајот со „Алта банка“.

    Од СДСМ информираат дека со интерпелацијата бараат да се утврди политичка одговорност за постапувањето на Славески во врска со влезот на „Алта банка“ АД Белград во тогашната Стопанска банка АД Битола.

    Интерпелацијата се однесува на постапката во која, како што наведуваат од партијата, гувернерот и Народната банка дале претходна согласност „Алта банка“ да стекне квалификувано учество во битолската банка.

    Од СДСМ бараат одговори за тоа какви проверки биле направени во однос на инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на кои критериуми била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката.

    Дополнително, бараат Славески да одговори и за разговорите со премиерот Христијан Мицкоски во врска со влезот на „Алта банка“ и неговите, како што ги нарекуваат од СДСМ, „консултации“.

    Од партијата очекуваат Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави поврзани со случајот со „Алта банка“.

    Прочитај повеќе

    „Дали имавте притисок?“: Филипче бара од Сиљановска одговор за номинацијата на Славески

    24.11.2026 во 15:26

    Попов: Општина Центар има над 50 активни градилишта, а бара пари од Владата за реконструкција на улица

    24.11.2026 во 15:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.