Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16:50 часот го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец А.Г., постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна сопруга дека подолг период физички ја малтретирал и ѝ се заканувал со огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
А.Г. бил задржан во полициска станица, при што со потврда му биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми, како и дозвола за поседување оружје.
Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

