Close Menu
Press24
    Најново

    Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години

    24.11.2026 во 20:20

    Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација

    24.11.2026 во 19:56

    Утре голема акција за чистење на Скопје: Ѓорѓиевски најави активности на повеќе од 50 локации

    24.11.2026 во 19:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години
    • Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација
    • Утре голема акција за чистење на Скопје: Ѓорѓиевски најави активности на повеќе од 50 локации
    • Падна во вода тезата дека се переле пари од Србија во Македонија: Петрушевски за случајот „Алта банка“
    • Македонија окована во студ: Во 19 часот минусни температури во повеќе градови
    • Дел од Центар утре без вода: Проверете дали вашата улица е на списокот
    • Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали
    • Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години

    Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години

    24.11.2026 во 20:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Сител телевизија изјави дека владата презема конкретни чекори за подобрување на условите за живот на младите. Тој посочи дека се предложени три мерки, од кои две се конкретно насочени кон младите брачни парови до 35 години, со цел да им се овозможат поволни услови за решавање на станбеното прашање и создавање сигурна иднина во сопствената држава.

    „Претседател на владата, проф. д-р  Христијан Мицкоски излезе со три предлог мерки коишто, како што кажа, практично во наредната фаза ќе бидат обработени. Тие три мерки беа фактички две мерки коишто опфаќаат одредени поволности за млади брачни парови до 35 години за едно од најгорливите прашања кај младите луѓе, а тоа е домувањето“, кажа Конески.

    Според Конески, предложените мерки носат конкретна поддршка за младите и директно одговараат на нивните реални потреби. Тој додаде дека предвидено е 10% од новоизградените станбени единици да бидат наменети исклучиво за млади брачни парови до 35 години, со најмалку 20% поповолна цена, како и ослободување од плаќање комуналии за младите при изградба на сопствен дом. Дополнително, како што рече, со дигиталната апликација м.услуги се предвидуваат олеснувања и привилегии за студентите, вклучително и користењето на студентскиот оброк.

    „Првата беше дека 10% од сите нови станбени единици ќе бидат обезбедени само за младите луѓе и тие ќе бидат со најмалку 20% попуст. Понатаму, во општините нема да треба да плаќаат комуналии при изградба на куќа, а третата мерка беше во однос на студентите за користење на студентскиот оброк и за останати привилегии преку апликацијата м.услуги. За првите две мерки коишто треба да бидат преточени во закон или се влегува во фаза на обработка не би можел да дадам точни гаранции кога би стапиле на сила, но ќе се влезе во фаза на работа и се надевам дека сите постапки ќе поминат најбрзо што можат со цел што побрзо тие мерки да станат ефективни и да можат младите брачни парови до 35 години да ги почувствуваат тие бенефиции“, рече Конески.

    Прочитај повеќе

    Падна во вода тезата дека се переле пари од Србија во Македонија: Петрушевски за случајот „Алта банка“

    24.11.2026 во 19:33

    Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали

    24.11.2026 во 18:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.