Close Menu
Press24
    Најново

    Белгиската влада пред распад: Де Вевер постави ултиматум до 31 декември

    24.11.2026 во 20:52

    Путин најави одмазда за нападите врз руските рафинерии: „Одговорот е неизбежен“

    24.11.2026 во 20:27

    Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години

    24.11.2026 во 20:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Белгиската влада пред распад: Де Вевер постави ултиматум до 31 декември
    • Путин најави одмазда за нападите врз руските рафинерии: „Одговорот е неизбежен“
    • Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години
    • Средба на Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација
    • Утре голема акција за чистење на Скопје: Ѓорѓиевски најави активности на повеќе од 50 локации
    • Падна во вода тезата дека се переле пари од Србија во Македонија: Петрушевски за случајот „Алта банка“
    • Македонија окована во студ: Во 19 часот минусни температури во повеќе градови
    • Дел од Центар утре без вода: Проверете дали вашата улица е на списокот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Белгиската влада пред распад: Де Вевер постави ултиматум до 31 декември

    Белгиската влада пред распад: Де Вевер постави ултиматум до 31 декември

    24.11.2026 во 20:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Белгиската влада се соочува со сериозна политичка криза, откако повеќемесечните преговори за буџетот за следната година не донесоа договор меѓу петте партии во владејачката коалиција. Премиерот Барт Де Вевер постави краен рок до 31 декември за постигнување договор, предупредувајќи дека во спротивно владата практично нема да може да функционира.

    Де Вевер на 23 ноември го соопшти рокот, по разговорите со коалициските партнери, кои со месеци не успеваат да најдат заедничко решение за буџетот. Несогласувањата претходно ја продлабочија политичката криза, поради која премиерот пред три недели поднесе оставка, но таа не беше прифатена.

    „Доколку немаме буџетски договор пред крајот на годината, владата практично нема да може да управува, со што ќе стави крај на своето постоење“, соопшти кабинетот на Де Вевер.

    Премиерот инсистира на заштеди од 10 милијарди евра со цел да се стабилизираат државните финансии. Меѓутоа, главната пречка во преговорите е распределбата на финансискиот товар.

    Фламанската социјалистичка партија „Воруит“ бара повисоки даноци за богатите, со цел да се намалат кратењата во здравството и социјалната заштита. Останатите четири партии во коалицијата ги прифатиле предложените кратења, но не постигнале согласност со „Воруит“ за даночните решенија.

    „Еден коалициски партнер одбива да го прифати предложениот баланс“, соопшти кабинетот на премиерот, откако Де Вевер го информирал белгискиот крал Филип за текот на преговорите.

    Од Кралската палата соопштиле дека кралот ги повикал сите политички партии да вложат максимални напори за да се избегне продолжување на кризата.

    Политичката неизвесност се совпадна со масовни протести против владините мерки за штедење. Според полициските проценки, околу 50.000 работници и синдикални претставници се собрале во центарот на Брисел, изразувајќи незадоволство од најавените кратења.

    „Товарот се става врз населението во целина, додека цел сегмент од многу богати луѓе, најбогатиот 1% од населението, е оставен на мира“, изјави учителот Филип Наим.

    Дополнителен притисок врз владата претставува и состојбата со јавниот долг. Европската комисија прогнозира дека односот на белгискиот долг кон бруто-домашниот производ во 2027 година ќе достигне 113,4 проценти, што би ја позиционирало Белгија меѓу земјите со највисок долг во еврозоната, зад Грција, Италија и Франција.

    До крајот на годината коалициските партнери ќе треба да постигнат компромис за буџетот, во спротивно земјата ќе се соочи со дополнително продлабочување на политичката криза.

    Прочитај повеќе

    Путин најави одмазда за нападите врз руските рафинерии: „Одговорот е неизбежен“

    24.11.2026 во 20:27

    Силен земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, следеа уште пет потреси за 14 минути

    24.11.2026 во 17:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.