Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно
    • Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Маглата го поремети авиосообраќајот во Скопје: Доцнат летови од Истанбул и Париз, еден е откажан

    Маглата го поремети авиосообраќајот во Скопје: Доцнат летови од Истанбул и Париз, еден е откажан

    20.12.2025 во 11:352 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Намалената видливост во скопската котлина денеска предизвика пореметување во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, каде што дел од летовите се реализираат со задоцнување, а еден е целосно откажан. Според најновите податоци од аеродромот, временските услови влијаат и на слетувањата и на полетувањата.

    Во делот на пристигнувањата, најголемо доцнење има летот на „Пегасус“ од Истанбул (Сабиха Гокчен), кој наместо во 09:55, се очекува да слета со час и половина задоцнување, односно во 11:25 часот. Со половина час доцнење се очекува и летот на „Виз Ер“ од Дортмунд. Уште полоша е ситуацијата со летот на компанијата „АЏет“ (AJet), исто така од Истанбул, кој според распоредот требаше да пристигне на пладне, но е откажан. Летовите од Нирнберг, Фридрихсхафен и Виена засега се реализираат според потврдениот распоред.

    Доцнења се регистрирани и кај заминувањата од Скопје. Летот на „Виз Ер“ за Париз (Бове), планиран за 12:25, е одложен за 35 минути и ќе полета во 13:00 часот. Значително доцнење има и летот на „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул, кој наместо во 13:00 часот, е пролонгиран за еден час и 20 минути и се очекува да полета во 14:20 часот. Од аеродромот препорачуваат патниците редовно да го следат официјалниот веб-сајт за најнови информации, иако се очекува временските услови да не предизвикаат посериозни проблеми во текот на денот.

    Прочитај повеќе

    Пожарникари го сечеле возилото, еден починат на лице место – Страшна сообраќајка го потресе регионот

    22.09.2026 во 09:55

    Војната со Иран ги чини САД над 38 милијарди долари: Месечните трошоци достигнуваат до 3 милијарди

    16.09.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.