Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    МВР: За само 6 часа паднаа 63 пијани возачи, 8 од нив се приведени

    17.08.2026 во 16:25

    (ВИДЕО) СДСМ објавија снимка од експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски

    17.08.2026 во 16:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски
    • МВР: За само 6 часа паднаа 63 пијани возачи, 8 од нив се приведени
    • (ВИДЕО) СДСМ објавија снимка од експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Проблемите на Карпошани не соодветствуваат на 21 век

    Лукровски: Проблемите на Карпошани не соодветствуваат на 21 век

    02.10.2025 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош, во поткаст организиран на една од социјалните мрежи, говореше за неговата визија за Карпош.

    Лукровски говореше за проблемите на граѓаните на општина Карпош, каде што истакна дека проблемите на Карпошани не соодвествуваат на 21 век.

    „Направивме анкета пред два и пол месеци да ги терминираме проблемите со кои во главно се соочуваат Карпошани. Морам да кажам дека не соодвествуваат на нешто што е одлика 21 век’’, рече тој.

    Лукровски истакна дека Карпошани ќе ја препознаат новата визија и ќе ја поддржат на престојните локални избори.

    „Конечно после 30 години многу блиску сме до состојба, да во Карпош оствариме нова корелација помеѓу локалната и централната власт, често имам чест да кажам дека имаме и Карпошанец премиер, што ми е особено драго. Така да, ќе имаме една добра синергија и јас сум човек кои вие добро ме познавате, што би рекол народски на глава ќе се „качам’’ додека не издејствувам нешто добро за нашите сограѓани’’, потенцираше тој.

    Кандидатот за градоначалник Лукровски, даде еден осврт на работата на актуелните градоначалници на општините, кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и како што заклучи тој, тие одлично си ја вршат својата работа.

    „Мене ме радува тоа што граѓаните препознаваат , морам да кажам дека граѓаните препознаваат работа, чесност, имаме 4 години локална власт, каде што во најголем дел градоначалници се од нашата партија, не видовме ниту еден скандал, го живеам денот со многу пријатели, мојата струка ми дозволува да се гледам со повеќе луѓе и овој тренд на доверба на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува’’, заклучи Лукровски.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.