Љупчо Горгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, се огласи на Фејсбук за случајот со Ива Михаилова.

-Девојката од еден наш град замина во друг, поголем наш град, за да се лекува…

Ива Михајлова од Кочани веќе е во Софија.

По месеци болка, искушенија и неизвесност, таа конечно е таму каде што вели дека се чувствува заштитено.

Од родниот крај, каде што не наоѓа мир и сигурност какви што заслужува секој граѓанин и каде што е изложена на вознемирување поради своето бугарско национално самоопределување, кон бугарската престолнина, каде што наоѓа надеж.

Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да стигнеш до местото каде што не мораш да објаснуваш кој си.

Ива не само што пристигна во Софија. Таа се врати дома!, напиша тој на Фејсбук.

Инаку, Љупчо се залага за правата на граѓаните со бугарско национално самоопределување во Северна Македонија. Георгиевски беше претседател на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“и јавно се залагаше за зачувување на бугарскиот идентитет и историското наследство.

Во јуни 2025 година Основниот суд во Битола му изрече условна казна затвор од една година, со рок на проверка од две години, во предмет поврзан со објави на Фејсбук-страницата на клубот. Во јули 2026 година Апелацискиот суд ја одби жалбата против пресудата. Неговиот адвокат најави можност за обраќање до Европскиот суд за човекови права.

Exit mobile version