ВМРО-ДПМНЕ тврди дека медицинскиот извештај за Ива Михајлова, изготвен од доктор Иван Барбов, поранешен директор на Клиниката за неврологија, отвора сомнежи за можни политички влијанија, бидејќи во документот било наведено дека потребниот метод на лекување не е достапен во Македонија, но го има во Бугарија.

 „Доктор кој во периодот на власт на СДС во 2017 година беше директор на Клиниката на неврологија, Иван Барбов, поставен лично од Зоран Заев и Филипче, изготвил медицински извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, а дека истата ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија.

Името, докторот Барбов не е непознат за македонската јавност, тој е правосилно осудено лице за криминалниот случај „Метастаза“, каде тој е еден од обвинетите кој се гонел за посредување во издавањето на инвалидски пензии.

Според тогаш објавените информации, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии, каде што за двете години додека дејствувала групата, заработиле 165.000 евра, но и за 53.000 евра го оштетиле Фондот за здравство.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

„Тука се поставува прашањето, дали Венко Филипче со неговиот ментор Зоран Заев, затоа што се уценети од Румен Радев, ургирале кај нивниот криминален другар, доктори и поранешен нивен директор, Барбов да постави дијагноза и да изготви таков извештај во кој јасно укажува дека методата за лекување на Михаилова ја нема во Македонија и дека истата може се направи во соседна Бугарија.

СДС, Филипче и Заев има за што да дадат одговори и тоа треба да го направат во најкус можен рок, јавноста очекува одговори.

Воедно, очекуваме и истрага по допрен глас за да се испита нашиот и сомнежот на јавноста дека во овој случај, преку нивниот доктор Барбов имаат вмешано прсти Филипче и Заев и дека зад целата операција стојат Радев и бугарската држава.“ – се додава во партиското соопштение

Exit mobile version