Close Menu
Press24
    Најново

    Левица: Единствениот државен ПЕТ/КТ со месеци не работи, онколошките пациенти плаќаат и до 1.300 евра

    11.08.2026 во 10:59

    Цената на нафтата повторно скокна

    11.08.2026 во 10:55

    Трамп тајно го напуштил самитот на НАТО поради закани за атентат од Иран

    11.08.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: Единствениот државен ПЕТ/КТ со месеци не работи, онколошките пациенти плаќаат и до 1.300 евра
    • Цената на нафтата повторно скокна
    • Трамп тајно го напуштил самитот на НАТО поради закани за атентат од Иран
    • Августовска матура: 226 матуранти што препишувале ќе полагаат повторно
    • Општина Центар со јавна анкета за ДУП-от за Барутана, Герасимовски ги повика граѓаните на учество
    • (ФОТО+ВИДЕО) Димитријевиќ: Дива депонија кај Рашче го загрозува снабдувањето со вода во Скопје
    • УЈП подготвува воведување на системот е-Фактура, 80 претставници од општини и ЈКП на обука
    • Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Единствениот државен ПЕТ/КТ со месеци не работи, онколошките пациенти плаќаат и до 1.300 евра

    Левица: Единствениот државен ПЕТ/КТ со месеци не работи, онколошките пациенти плаќаат и до 1.300 евра

    11.08.2026 во 10:594 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Единствениот државен ПЕТ/КТ, апарат од кој зависи проценката дали малигното заболување се проширило и дали терапијата воопшто делува, со месеци е надвор од функција. Пациенти сведочат дека биле враќани повеќепати, дел се принудени да одат приватно или во странство и да издвојат околу 1.300 евра, а државата нема ни датум кога услугата повторно ќе биде достапна. Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за одговорност, им остави на онколошките пациенти суров избор да губат драгоцено време чекајќи расипан државен ПЕТ/КТ, или да најдат 1.300 евра за дијагностика што здравствениот систем требало да им ја обезбеди, се вели во соопштението од ПП Левица.

    -Клековски и надлежните мора да одговараат за секое занемарување што ја претворило виталната дијагностика во луксуз и го ставило лекувањето на најтешко болните во заложништво на вмровската негрижа! Најбезобразниот дел е што катастрофата не дошла ненајавено. Државниот завод за ревизија уште на 8 мај 2025 година констатирал дека целото јавно здравство зависи од еден ПЕТ/КТ скенер и еден циклотрон вредни вкупно 5,8 милиони евра, со околу 180 пациенти месечно, а ревизијата утврдила и слабости во континуираното одржување и навременото евидентирање на дефектите на медицинската опрема. „Мета“ дополнително објави дека ревизорите укажале дека втор скенер би ја зголемил достапноста и дека за него веќе постоел соодветен простор. Значи ДПМНЕ имаше предупредување, време и простор, но нема способност да обезбеди резервен капацитет пред пациентите да останат заложници на еден дефект, велат тие.

    Додаваат дека Сашо Клековски не може денес да се преправа дека ризикот паднал од небо. Уште во февруари 2026 година јавно кажуваше дека ПЕТ-центарот е клучна алка за следење на ефикасноста на онколошката терапија и најавуваше дека ќе се работи на обезбедување втор ПЕТ-скенер, со цел капацитетот да се искачи на 5.500-6.000 снимања годишно. Ветуваше втор,а си замина со нефункционален прв апарат.

    -Уште потешко е признанието од самиот Институт дека во претходните години не бил следен протоколот за превентивно одржување на дифузионата пумпа, односно чистење и замена на масло на секои пет години. Тоа бара итна техничка и институционална ревизија – кога требало да биде направен сервисот, кој бил задолжен да го следи, кој знаел дека рокот е пробиен, какви договори за одржување постоеле и кој ќе одговара ако пропустите придонеле за сегашниот застој. А сето ова се случува во систем во кој проблемите со онколошката грижа секојдневно се продлабочуваат. Нефункционалниот ПЕТ/КТ е само еден пример за поширокиот хаос со кој онколошките пациенти се соочуваат со години – еднаш нема лек, другпат нема дијагностика, третпат нема термин, а за пациентите од внатрешноста дополнителен товар е и постојаното патување до Скопје. Така, пациентот со рак не се соочува само со тешката болест, туку и со систем кој го тера да се бори за основната здравствена заштита што треба да му биде гарантирана. 

    Левица бара Владата и ФЗО:
    • Веднаш да обезбедат целосно финансирање на ПЕТ/КТ снимањата во сите расположливи приватни капацитети или во странство за пациентите со медицинска индикација, без ни денар дополнителен товар за нивните семејства;
    • Автоматски надомест за оние што во периодот на дефектот веќе биле принудени да платат од сопствен џеб; итна набавка на втор државен апарат;
    • Јавно објавена динамика за поправката
    • Вонреден надзор за пропустите во одржувањето.

    Уставот го гарантира правото на здравствена заштита, а Законот за заштита на правата на пациентите бара квалитетна и континуирана здравствена заштита во најдобар интерес на пациентот. Доколку поради ваквиот системски застој пациент има документирани дополнителни трошоци или претрпи штета од одложена дијагностика, државата и надлежните установи не се над законот – мора да постои пат до правна заштита и надомест, вклучително и преку суд, велат тие.

    -Ракот не чека Клековски и ДПМНЕ да завршат со импровизациите врз јавното здравство – секој изгубен ден за онколошки пациент е цена што власта нема морално право да ја префрла врз болните. За вакво институционално запуштање мора да има одговорност затоа што човечкиот живот не смее да биде колатерала на ВМРОвската неспособност, велат од ЛЕВИЦА.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Августовска матура: 226 матуранти што препишувале ќе полагаат повторно

    11.08.2026 во 10:36

    (ФОТО+ВИДЕО) Димитријевиќ: Дива депонија кај Рашче го загрозува снабдувањето со вода во Скопје

    11.08.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.