Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ

    17.08.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Буџетот е безнадежен

    Левица: Буџетот е безнадежен

    13.11.2025 во 09:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не стимулира продуктивност и инвестиции и не создава нова вредност. Напротив, тој ја цементира зависноста од јавната потрошувачка и краткорочните политички ефекти, реагираат утрово од Левица преку писмено сооппштение испратено до медиумите. 

    Капиталните инвестиции учествуваат со само 9,7% од вкупните расходи што е алармантно ниско ниво. Тоа значи дека државата троши за тековни потреби, наместо да инвестира во иднината. Со ваков пристап не се гради економија туку се купува социјален мир.

    Особено загрижува што 31% од приходите се обезбедуваат преку ново задолжување. Тоа значи дека секој трет денар што државата ќе го потроши е позајмен. Дополнително 1,25 милијарди евра се за отплата на стари долгови, што претставува речиси петтина од буџетот. Со други зборови, државата работи за да враќа стари долгови, а во исто време зема нови кредити што директно води кон фискална нестабилност. Само за камати, наредната година треба да се исплатат 346 милиони евра.

    Во структурата на расходите од новиот буџет, јасно се гледа приоритетот на оваа власт – политички опстанок, а не јавен интерес. Наместо инвестиции во здравство, образование, социјална сигурност и квалитет на живот, Владата се одлучи да штеди токму на тие сектори кои ја држат државата исправена.

    Средствата за заштита на животната средина и намалување на загадувањето се намалуваат, во земја која и онака се гуши во смог секоја зима. Во здравството, буџетот предвидува намалување на медицински материјали и опрема, со што се сведуваме на ниво на стандард на најнеразвиените држави.

    Образованието, наместо да биде двигател на развојот, повторно е жртва на кратења – со помалку пари за предшколско, основно образование и научно-истражувачка работа. Не поминаа ниту социјалните категории. Намалени се средствата за заштита од болест и инвалидитет, како и за стари лица и детска заштита, во земја каде секое второ дете живее на работ на сиромаштија.

    Особено алармантно е над 50% кратење на средствата за Агенцијата за стоковни резерви, што во услови на глобални кризи значи дека државата останува без стратегиска заштита на граѓаните во случај на шокови со храна и енергија. Дополнително, се кратат и пари за Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, што директно ги погодува македонските земјоделци.

    Дури и правосудството не е поштедено. Намалување на средствата за судската власт и Јавното обвинителство, за повеќе од 2,2 милиони евра, е уште еден јасен сигнал дека правната држава не е приоритет.

    Овој буџет е огледало на власт што ја изгубила врската со реалноста на сопствените граѓани. Наместо да гради економија, гради илузија! Наместо да инвестира во иднината, купува време! Се кратат средства таму каде што државата треба да биде најсилна: здравство, образование, социјална сигурност и правда.

    Со ваков буџет, државата не се движи напред туку тапка во место и сè повеќе тоне во долгови, сиромаштија и безнадежност, стои во реакцијата на Левица.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.