Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

    Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

    14.01.2026 во 20:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.

    Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.

    „И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.

    Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДС, Фатмир Битиќи, истакна  дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.

    „Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика“, рече Лефков.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.