Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч.

Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера.

Абдул-Џабар ги постигна своите последни поени во регуларниот дел од сезоната во НБА на 24 април 1989 година, кога Леброн имаше само 4,5 години.

Џејмс ги постигна своите први поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Така, му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.

Инаку, Лејкерс загубија од Оклахома со 133:130 и со биланс 25 победи и 30 порази се на 13. место во Западната конференција. 

08.02.2023 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега