Лазаров: Ги уморивме и надигравме, но не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме

Првата анализа на селекторот Кирил Лазаров по премиерниор меч на ЕП беше позитивна, но со доза на жал за пропуштената шанса.

„Горд сум како го одигравме натпреварот, со оглед што Словенија има ракометари кои играат во најдобрите тимови во Европа. Сепак, разочаран сум затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод. Ги уморивме и надигравме, но не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме. Се обидов да ги убедам моите ракометари, но на крај не успеав во тоа. На вистински пат сме и треба да продолжиме така. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари до крајот на првата фаза. Секој натпревар е тежок на големо натпреварување, но мислам дека ќе бидеме сѐ подобри и подобри“, истакна селекторот.

13.01.2022 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега