УХМР ги измери температурите утрово во градовите низ Македонија. Според податоците од УХМР, ова утро најниската температура е 0,5 степени и е измерена на Попова Шапка.
Гевгелија со 13 степени од друга страна е најтоплото место утринава во Македонија.
Во Скопје во 8 часот УХМР измери 10 степени.
Денеска времето ќе биде променливо облачно и постудено, со засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде засилен во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и постудено време. Денеска и во петок се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува и силен интензитет.
За време на викендот се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност.