Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Центарци јасно ја покажаа насоката каде сакаат да се движи општината

    Лабудовиќ: Центарци јасно ја покажаа насоката каде сакаат да се движи општината

    20.10.2025 во 17:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ви благодарам за огромната поддршка што ми ја дадовте во првиот круг на изборите за градоначалник на нашата општина. Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ, се наведува во изјавата на Мирослав Лабудовиќ.

    „Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар!

    Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење.

    Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар.

    Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба.

    Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар!

    Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни.

    Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина.

    Граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања.

    Сега е време за вистинска работа, време за ред, чисти улици и чесна општина!

    За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа! Победа за секој граѓанин кој сака нормален, убав и достоинствен Центар.

    Центар повторно ќе биде најубавата, најчистата и најуредената општина во Скопје“, изјави Мемов.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.