Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен

    Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен

    25.10.2025 во 12:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави современ проект за нов систем на енергетски ефикасни згради, кој ќе придонесе за подобрување на условите за живеење, зачувување на животната средина и разубавување на урбаното јадро на Општината.

    „Преку грантови од Општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Секоја зграда е дел од идентитетот и имиџот на нашата општина. Затоа, старите фасади ќе добијат автентичен и достоинствен изглед, што не само што ќе го разубави Центар, туку ќе им донесе на граѓаните подобра енергетска заштеда и помали сметки за греење ,“ изјави Лабудовиќ.

    Овој систем претставува дел од пошироката стратегија за зелена и одржлива општина, која предвидува не само визуелно унапредување, туку и долгорочна економска корист за жителите. Преку поставување фотоволтаични панели на покривите и модернизација на хидрантските и водоводните системи, ќе се овозможи значителна заштеда на енергија и вода, што е во согласност со најсовремените европски стандарди за енергетска ефикасност.

    „Центарци заслужуваат убав, сигурен и достоинствен живот. Со овие реконструкции, ќе го зачуваме духот на нашите згради, ќе го одржиме нивниот архитектонски карактер, а истовремено ќе му дадеме нова енергија на просторот каде живееме,“ нагласи Лабудовиќ.

    Проектот ќе се реализира во повеќе фази, почнувајќи од најстарите и најоштетени фасади, со цел секоја зграда да добие нов и, во исто време, енергетски ефикасен надворешен изглед. Покрај тоа, ќе се воведат и стимулации за управителите на згради и станбените заедници кои активно ќе се вклучат во процесот, со што ќе се поттикне колективната одговорност и партнерството меѓу Општината и граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.