Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија

    Кузеска: Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија

    15.12.2025 во 11:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата  во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција, рече на денешната прес-конференција портпаролката Богданка Кузеска од редовите на СДСМ.

    Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски, истакна Кузеска.

    „Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“.

    Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.

    Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.

    Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.

    Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.

    Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари“, посочи Кузеска.

    Кузеска нагласи дека има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.

    „Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.

    Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.

    Крај на на предавството на Македонија.

    Крај на корупцијата и криминалот.

    Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните.

    Крај на катастрофалните економски политики.

    Крај на изолацијата!

    Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат!

    Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, потенцираше Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.