Кузеска: Повеќе од две години, Мицкоски зборува само за ново мнозинство и предвремени избори

Две и пол години Христијан Мицкоски зборува единствено за ново парламентарно мнозинство и предвремени избори, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа објавуваше видеа на кои првиот човек од ВМРО-ДПМНЕ пред две години зборува за предвремени избори за потоа, како што вели Кузеска, да тврди дека никогаш не кажал оти ќе има предвремени парламентарни избори.

Кузеска оцени дека Мицкоски постојано покажува дека е слаб, без став и политички компас, нему му е битно само да се докаже пред Димитар Апасиев и Левица, чиј што заложник е.

Заклучи дека на Мицкоски не може да му се верува.

27.02.2023 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега