Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Ескалација во Црното Море: Дронови нападнаа два трговски брода во близина на Бугарија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота
    • Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи
    • Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

    Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

    14.09.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од граѓаните се крие вистината за лотото на арамијата Мицкоски и трошењето на 5,5 милиони евра за прославата за независноста.

    Огромни проневерени пари за кои се кријат документи, одлуки, анекси, фактури, исплати, и клучното прашање, во чии џебови завршија народните пари.

    Затоа сме пред Јавното обвинителство. Мора веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација, да ги даде на увид пред граѓаните, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

    Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски, сега треба да знаат до денар каде завршија нивните пари.

    Самит начин на носење одлуки е сомнителен и спротивен на закон.

    Во кое својство Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата? 

    Ако постапувала како претставник на државата акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери.

    Кој орган одобрил трошење над 300 милиони денари? На која седница? Кој гласал и врз која законска основа?

    Јавниот повик траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда. Повикот завршл на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најавила настапот на Дејвид Гета.

    Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен.

    Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен и исплатен.

    Мора да се утврди кои домашни и странски фирми добиле пари, колку заработиле „Стардаст“, односно Авалон, и како се вршеле исплатите док и компанијата имала блокирана сметка.

    Дополнително, прашање е каде завршиле и приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали бил платен данок.

    Премногу матни работи, премногу сокриени информации а потрошени 5,5 милиони евра за кои арамијата Мицкоски излажа дека се „нула денари“.

    Да беше сè чисто и законски, немаше да се кријат документите, немаше да се лаже.

    Затоа повикуваме веднаш да постапат Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.

    Да се утврди каде завршил секој денар.

    Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не може постојано да го лажете и да ги криете одговори за неговите пари.

    Мора да има одговорност. Доаѓа времето на вистината и правдата, додаде Кузеска.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.