Куќна помошничка фрлила накит во вредност од 50.000 евра

 

Куќна помошничка во Монтебелуна на северот на Италија фрлила стар душек полн со накит и пари во вредност од околу 50.000 евра, пишува весникот Tribuna di Treviso.

Сметајќи дека дотраениот душек е парче отпад, го извадила од гаражата на сопственичката, постара жена, и го однела на градската депонија. Премногу вредната куќна помошничка не знаела дека сопственичката го користела душекот за складирање пари, накит и кредитни картички.

По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот повеќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата, која заедно со локалните општински службеници отишла на депонијата.

Отпрвин потрагата се покажала неуспешна, а потоа еден час подоцна во контејнерот бил пронајден душекот, а богатството во него биле недопрено.

29.10.2024 - 18:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега