Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца општинари: Потпишале одобрение за ресторан кој не смеел да се гради

    Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца општинари: Потпишале одобрение за ресторан кој не смеел да се гради

    24.12.2025 во 15:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општина Пробиштип добија кривични пријави поради „несовесно работење во службата“.

    Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Б.С.(61), Ј.Д.(53) и Д.А.(44), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

    Во текот на 2023 година, првопријавениот, раководител на Одделение за урбанизам во општина Пробиштип и второпријавената, советник за урбанизам, градежништво и издавање на одобренија за градење во Одделението за урбанизам во општина Пробиштип извршиле повреда на законските прописи при спроведување на управна постапка по однос на претходно поднесено барање за издавање на одобрение за градење.

    Пријавените не го одбиле како неосновано наведеното барањето за издавање на Одобрение за градење, согласно доставениот акт со негативно мислење од Одделение за урбанизам и заштита на животна средина на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Кочани, во кое се наведува дека предвидениот објект за градење-ресторан не може да се приклучи на дистрибутивната мрежа бидејќи се наоѓа во близина на постоечки електроенергетски објект, согласно Законот за енергетика.

    Третопријавениот, поранешен градоначалник на општина Пробиштип, така доставеното одобрение го потпишал со што овозможил на барателите да изградат угостителски објект-ресторан на парцели кои не се предвидени за изградба на објекти.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.