Кремљ: Полска и Бугарија останаа без руски гас зашто не го почитуваат договорот

Русија реши да ја прекине испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што државите не сакале да платат во рубљи.

 

„Ова не е уцена. Условите се дел од новиот начин на плаќање, разработен по невиденото непријателство кон Русија на економско и финансиско поле“, кажа Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија ќе прифати плаќање за испорачаниот гас исклучиво во рубљи, како одговор на санкциите воведени за казнување на воената кампања на Кремљ во Украина.

27.04.2022 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега