Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крахира викенд туризмот во Грција – Охрид, Струга и Дојран гледаат шанса

    Крахира викенд туризмот во Грција – Охрид, Струга и Дојран гледаат шанса

    07.05.2026 во 10:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот систем за влез и излез во Европската Унија ќе биде удар за викенд туристите од Македонија кои патуваат во Грција, оценува Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК.

    Во дебата на ТВ Телма, Керим рече дека првичните најави биле дека патниците еднаш ќе се фотографираат, а потоа на граница ќе се евидентираат само со отпечаток. Но, според него, практиката покажува дека постапката не оди така брзо.

    Тој проценува дека околу 250.000 туристи, кои најчесто одат во Грција за викенд, од четврток до недела или од петок до понеделник, ќе бидат најмногу погодени од новиот систем. За разлика од нив, граѓаните кои имаат свои станови, куќи или приколки во Грција, според Керим, ќе продолжат да патуваат и покрај можните чекања.

    Керим смета дека ова може да биде шанса за домашниот туризам, доколку македонските туристички центри понудат атрактивни пакети.

    „Наместо да чекаат со часови на граница, граѓаните можат да уживаат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, Битола и другите наши туристички места“, рече Керим.

    Тој очекува дека и Грција ќе почувствува економски последици од системот, бидејќи, како што посочи, околу 1,2 милиони македонски граѓани годишно ја посетуваат земјата.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.