Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костовски: Се изборивме и покажавме дека и оваа општина му припаѓа на народот

    Костовски: Се изборивме и покажавме дека и оваа општина му припаѓа на народот

    08.10.2025 во 20:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски се обрати на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Бутел со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври.

    – Стојам пред вас како човек кој ги чувствува, но и ја дели вашата болка но и вашата надеж. Ме избравте за градоначалник затоа што сакате да имате општина во која децата ќе растат без страв, старите ќе се чувствуваат безбедно, а чесните луѓе ќе имаат фер можности и достоинствен живот. Нашиот пат до овде не беше лесен, рече Костовски.

    Тој неведе дека: „Пред нас периодот од 2017-2021 година имаше влијание на локлни банди, корупција и урбана мафија кои го блокираа развојот и на намалија довербата во институциите. Јас тоа добро го знаев и затоа со полно срце и со целосна решителност продолживме напред заедно“.

    -Се кренавме, се изборивме и покажавме дека и оваа општина му припаѓа на народот. Ја вративме безбедноста, ја вративме правдата, ја вративме честа. Со нас е голем број чесни и тука присутни Албанци, Роми, Власи, Турци, Срби, Бошњаци и сите тие кои мислат добро за своите деца, потенцира Костовски.

    -Ова не беше лесна борба, ми се закануваа, ме уценуваа, понекогаш ме напаѓаа, но никогаш не се повлеков затоа што зад мене стоите вие, чесните луѓе во Бутел и кога стоиме заедно нема никој посилен од нас, нотира во обраќањето Костовски.

    „Ќе продолжиме со истата решителност, ќе ја чуваме секоја улица, секој куќа, од секој човек од влијанието на криминалот и корупцијата, ќе ја чуваме правдата, редот и достоинството. Бутел не е веќе симбол на страв, туку е симбол на храброст“, потенцира Костовски.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.