Ќе „замрзнат“ ли и јајцата,оризот и тестенините- Владата пресметува

Јајцата, оризот, макароните и другите тестенини, би можеле да бидат ставени на проширената листа производи чии цени ќе бидат замрзнати до 31 јануари 2022 година. Дали Владата ќе ги додаде овие производи на лебот, шеќерот, брашното, млекото, сончогледово масло, месото и сувомесни производи кои веќе се „под мраз“, ќе зависи од податоците на Заводот за статистика во делот на движењето на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ако податоците покажат дека има зголемување, а граѓаните го чувствуваат тоа, листата ќе се прошири. И за додадените производи, до крајот на јануари догодина, би важеле цените кои биле формирани од трговците на 1 декември.

Ограничувањето на цените на примарните производи на слободниот пазар е поттикнато од здравствената и енергетската криза во светот како и потрошувачката моќ на граѓаните. 

07.12.2021 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега