Ќе ви се срушат плановите: Повремени врнежи од дожд за продолжениот празничен викенд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

Слично време нè очекува и во понеделник на 2 мај, кога минималната темература ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, а максималната од 12 до 19 степени.

Oд среда, како што најавуваат од УХМР, дневната температура ќе биде во пораст.

 

 

30.04.2022 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега