Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

    Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

    02.10.2025 во 17:30Updated:02.10.2025 во 17:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Тетово го најдовме рушено, синоним за дупки и разурната инфраструктура, град во колапс. Денес, населба по населба, Тетово се трансформира и добива поинаков лик, истакна кандидатот од ВРЕДИ за градоначалник на Тетово, Биљал Касами, во изјава која МИА ја пренесува интегрално. 

    Денес дојдов да ги видам работите во Блок 70, населба заборавена од претходната власт, со многу инфраструктурни проблеми.

    Во соработка со Владата, инвестиравме вкупно 15 милиони денари за изградбата на Блок 70.

    Како дел од овие проекти за целосна трансформација на патната инфраструктура на нашиот град, градиме повеќе улици во населбата Дреновец, Теќе, Поток, Колтук, Вонвардарска, населбата кај Младинската џамија, Тетовчанка, Цетинска, урбаниот блок пред Зелениот пазар или како што е познато, населбата Ајдучко маало.

    Исто така и во Мала Речица, Голема Речица, Џепчиште, Селце, Шипковица, Лавце, Сараќино и во многу други населби и села изградивме и градиме патна инфраструктура, трансформирајќи ги во европски села и населби.

    Нема да застанеме тука.

    Вкупно околу 430 милиони денари, односно околу 7 милиони евра, ќе се инвестираат во основната инфраструктура и изградбата на нови модерни улици за тетовските населби.
    Чекор по чекор, го трансформираме Тетово во модерен и урбан град, затворајќи го поголемиот дел од инфраструктурните проблеми.

    Почитувани граѓани на Тетово, ерата на хаосот, неодговорноста, на Тетово руинирано и со дупки, заврши.

    Напредокот што го постигнавме во овие четири години не смее да запре. Тетово не смее да се врати назад. Тетово продолжува напред со Второто поглавје на развојот. Уште повеќе, уште подобро, уште посилно

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.