Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Без итна поддршка, оризовите ниви догодина може да останат непосеани

    Каранфилова Пановска: Без итна поддршка, оризовите ниви догодина може да останат непосеани

    04.10.2026 во 13:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска во Горни Подлог, Кочанско, учествуваше на манифестацијата „Денови на кочански ориз“, каде се сретна со оризопроизводителите и граѓаните од овој крај.

    Во изјава за медимите таа предупреди дека без итна финансиска поддршка, оризопроизводителите може да не бидат во можност да ги посеат нивите догодина, посочувајќи дека актуелната откупна цена не ги покрива производствените трошоци, а дополнителен проблем е и отсуството на откуп.

    „Од разговорите со сите оризопроизводители можеме да кажеме дека состојбата е катастрофална. Тие искажуваат сериозно незадоволство и загриженост бидејќи не можат да ги покријат производствените трошоци. Денеска нема откуп на оризот, а тој ориз што се откупува, го откупуваат по 16 денари. Таа цена за еден килограм ориз е страшно понижувачка“, рече Каранфилова Пановска.

    Таа посочи дека производителите се соочуваат со сериозен пораст на трошоците за производство.

    „Само во 2021 година, во време на Социјалдемократскиот сојуз, откупната цена на оризот беше 42 денари. Денеска, кога земјоделците, оризопроизводителите, се соочени со сериозен пораст на цената на нафтата, на ѓубривата, на целата механизација, оваа цена апсолутно не ги покрива трошоците. Тоа што нема откуп е дополнително загрижувачки“, потенцираше Каранфилова Пановска.

    Заменик-претседателката посочи дека СДСМ минатата недела во Собранието поднесе законско решение за поддршка на земјоделците и оризопроизводителите во овој период на криза.

    „Понудивме конкретно за оризот 10 денари од килограм произведен и откупен ориз, дополнителна финансиска поддршка за сите оризопроизводители, за да успеат да соберат некои средства со кои што ќе може да ја покријат следната сеидба.

    Во спротивно, ќе се соочиме со тоа оризопроизводителите да не може да ги посеат нивите во следната година. Ги повикуваме владејачкото мнозинство, ВМРО и целата владина коалиција сериозно да го разгледаат и да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат овие средства, за да можеме да сметаме дека догодина во Македонија ќе има земјоделие, ќе има оризопроизводители“, порача Каранфилова Пановска.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04

    Конче со нови инвестиции: Подобрена инфраструктура и услуги за граѓаните

    06.10.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.