Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз – власта да го поддржи законот на СДСМ

    Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз – власта да го поддржи законот на СДСМ

    04.10.2026 во 12:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ бара дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз и поддршка од владејачкото мнозинство за предложеното законско решение, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска денеска од Горни Подлог, Кочанско.

    „Од разговорите со сите оризопроизводители, состојбата е катастрофална. Искажуваат сериозно незадоволство и загриженост за тоа што не можат да си ги покријат производствените трошоци. Денеска нема откуп на оризот“, изјави Каранфилова Пановска.

    Таа нагласи дека ниската откупна цена и зголемените производствени трошоци го доведуваат во прашање продолжувањето на производството.

    „Тој ориз што го откупуваат, го откупуваат по 16 денари, таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка. Само во 2021 година, во времето на Социјалдемократскиот сојуз, откупната цена на оризот, кога го откупуваа, беше 42 денари. Денеска, кога земјоделците, оризопроизводителите, се соочени со сериозен пораст на цената на нафтата, на ѓубривата, на целата механизација, оваа цена апсолутно не ги покрива трошоците“, рече таа.

    Каранфилова Пановска посочи дека СДСМ веќе предложи конкретна законска мерка за помош на оризопроизводителите.

    „Тоа што нема откуп е дополнително загрижувачки. И затоа ние уште минатата недела во Собранието поднесовме закон за да ги заштитиме земјоделците и оризопроизводителите во овој период на криза. И понудивме конкретно за оризот по 10 денари од килограм произведен и откупен ориз. Дополнителна финансиска поддршка за сите оризопроизводители за да успеат да соберат некои средства со кои што ќе може да ја покријат следната сеидба“, нагласи Каранфилова Пановска.

    Таа предупреди на последиците доколку изостане поддршката и ја повика власта да ги обезбеди потребните средства со најавениот ребаланс.

    „Во спротивно, ќе се соочиме со тоа да оризопроизводителите нема да може да ги посејат нивите во следната година. Ги повикуваме од владејачкото мнозинство, од ВМРО, Христијан Мицкоски и целата владина коалиција сериозно да го разгледаат и да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат овие средства за да можеме да сметаме дека догодина во Македонија ќе има земјоделие, ќе има оризопроизводители и ќе имаме храна“, порача Каранфилова Пановска.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04

    Конче со нови инвестиции: Подобрена инфраструктура и услуги за граѓаните

    06.10.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.