Камчев ги понудил Орка Холдинг, Пелагонија, акции и кеш како гаранција дека нема да избега

Орка Холдинг, Пелагонија АД Битола, Стопанска банка АД Битола, акции, хартии од вредност, земјишта од Битола и Деллчево е имотот кој бизнисменот Орце Камчев го приложил како гаранција дека нема да избега од државата, дознава Алсат.

Станува збор за сума близу 11 милиони евра, од кои 200.000 евра се кеш. Според информации на Алсат, судиите Зоран Димитриевски, Енвер Беџети и Лирија Елизи одлучувале дали на Камчев треба да му се прифати гаранцијата. Неговите адвокати се задоволни .

„Гаранцијата којашто е понудена од страна на господинот Јордан Камчев е 10 пати поголема од претпоставеното кривично дело и штетата која обвинителството ја бара од сите обвинети во предметот ‘Плацеви на Водно’“, изјави Тони Менкиновски, адвокат на Камчев.

На Камчев му се суди за случајот „Плацови на Водно“, каде тој е обвинет за перење пари. За овој случај му се суди и на поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков кој исто така излезе од затворот во Шутка со понудена гаранција.

 

05.01.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега