Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кац: Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз војници на ИДФ и кршењето на договорот

    Кац: Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз војници на ИДФ и кршењето на договорот

    28.10.2025 во 22:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници.

    – Нападот на терористичката организација Хамас врз војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Газа денеска преминува очигледна црвена линија на која ИДФ ќе одговори со голема сила. Хамас повеќекратно ќе плати за нападот врз војниците и за кршењето на договорот за враќање на загинатите заложници, нагласи Кац.

    Претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да изведе силни напади во Појасот Газа, откако ја обвини организацијата Хамас дека го прекршила примирјето постигнато со посредство на САД.

    „По безбедносни консултации, премиерот Нетанјаху им нареди на воените сили веднаш да нанесат силни удари во Појасот Газа“, се наведува во соопштение од неговиот кабинет.

    Военото крило на Хамас објави дека го одложува враќањето на телото на заложникот што беше закажано за вечерва во 20 часот. Во своето соопштение, Хамас наведува дека овој потег е одговор на „кршењето на договорот за прекин на огнот од страна на окупаторот“. Претходно, Хамас најави дека денеска ќе го предаде телото на заложник извлечен од еден од тунелите.

    Поминаа речиси три седмици откако Израел и Хамас се согласија на првата фаза од договорот за прекин на огнот. Планот предвидуваше ослободување на сите преостанати заложници кои ги држи милитантната група и повлекување на израелските сили од дел на Газа.

    Сепак, прекинот на огнот се покажа како кревок. Израел започна воздушни напади врз Газа, додека Хамас сè уште не ги вратил сите посмртни останки на починатите заложници, наведувајќи потешкотии со нивното лоцирање.

    Во меѓувреме, израелските медиуми пишуваат дека израелскиот премиер одлучил да ја прошири територијата под контрола на ИДФ во Појасот Газа по повторените прекршувања на договорот од страна на Хамас. Кабинетот на премиерот одбива да ги коментира овие извештаи, а според јавната телевизија „Кан“, Нетанјаху разговара со високи американски функционери за да го координира тој потег.

    Прочитај повеќе

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.