Јетон Шаќири од Администрација оди во Земјоделство

Јетон Шаќири ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави „Плусинфо“ повикувајќи се на потврда од извори од ДУИ.

Шаќири досега беше на чело на Министерството за информатичко општество и администрација. Според договорот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, Алтернатива го презема МИОА.

Ресорот земјоделство, на чие чело беше Аријанит Хоџа од Беса, ѝ припадна на ДУИ.

 

06.12.2021 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега