Close Menu
Press24
    Најново

    Јаревски: Просечната плата се зголеми на 48.779 денари, платите продолжуваат да растат

    14.08.2026 во 12:12

    Позната здравствената состојба на повредениот во пожарот кај Лознани

    14.08.2026 во 12:00

    Петрушевски: СДСМ и Филипче шират лаги и сееа паника со дезинформациите за водата во Скопје

    14.08.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаревски: Просечната плата се зголеми на 48.779 денари, платите продолжуваат да растат
    • Позната здравствената состојба на повредениот во пожарот кај Лознани
    • Петрушевски: СДСМ и Филипче шират лаги и сееа паника со дезинформациите за водата во Скопје
    • Николоски во посета на М-НАВ: Mакедонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност
    • Денес се празнуваат Светите седум маченици Макавеи
    • Од 15 до 30 степени, температурите низ Македонија во моментов – Следи пресврт со времето
    • Историски раст на авиосообраќајот: Скопје и Охрид над 2 милиони патници за шест месеци
    • Унгарија гради брана на Дунав за да го спаси ладењето во нуклеарната централа Пакш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаревски: Просечната плата се зголеми на 48.779 денари, платите продолжуваат да растат

    Јаревски: Просечната плата се зголеми на 48.779 денари, платите продолжуваат да растат

    14.08.2026 во 12:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Просечната нето-плата во државата се зголеми од 40.496 на 48.779 денари во период од две години, информираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, на денешната прес-конференција.

    Според него, овој тренд е резултат на спроведените економски политики и стабилното управување со јавните финансии.

    „Платите во Македонија продолжуваат да растат како резултат на одговорните економски политики и стабилното управување со јавните финансии. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата за само две години е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари“, истакна Јаревски.

    Тој ги изнесе податоците за номиналниот раст на платите изминатите години, како и очекувањата за тековната година.

    „Овој раст е потврда дека на политиките на владата даваат конкретни резултати и дека економскиот раст се претвара во повисок животен стандард за граѓаните. Во овие две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ просечната плата е зголемена за околу 9,000 денари. Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава очекуваме дополнително зголемување поголемо од 8%“, изјави пратеникот.

    Јаревски посочи дека по падот на реалните примања во изминатиот период, сега се бележи нивно повторно зголемување.

    „Особено значајно е што повторно имаме реален раст на примањата по падот во периодот на власт на СДС. Така по падот на реалните плати во 2022та година од 2,9% во 2024та година тие пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%. Важно е да посочиме на фактот што растот на платите го надминува инфлацискиот притисок и граѓаните имаат поголема куповна моќ“, нагласи тој.

    Пратеникот се повика и на меѓународните статистички податоци во однос на минималната плата во регионот.

    „Посебно задоволство претставува тоа што овие резултати се постигнати без политички интервенции на пазарот на трудот и без мерки што би ја загрозиле конкурентноста на стопанството. Дополнително, најновите податоци на Евростат мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисоко од сите земји на Западниот Балкан“, додаде Јаревски.

    Тој заклучи дека фокусот на Владата останува на одржлив економски развој и понатамошен раст на стандардот.

    „Овој раст на платите и на куповната моќ на граѓаните не е случајност, туку е резултат на стабилна економија, зголемени инвестиции и доверба во институциите. Наспроти хистеријата од опозицијата, сите параметри и податоци на релевантните институции во земјава и во странство покажуваат дека платите во Македонија растат, граѓаните имаат повеќе пари и живеат подобро. Токму во овој правец владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките кои обезбедуваат раст на платите, нови инвестиции, отварање на работни места и одржлив економски развој кои носат подобар животен стандард на сите граѓани на Македонија“, истакна Јаревски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: СДСМ и Филипче шират лаги и сееа паника со дезинформациите за водата во Скопје

    14.08.2026 во 11:45

    СДСМ поднесе кривична пријава по нападот во Ново Село

    14.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.