Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден објавува Журнал.мк
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието

    Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието

    11.08.2026 во 22:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

    Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, вклучително и донесување нова законска рамка со која учебникарството е префрлено кај издавачките куќи.

    – Дотогаш Министерството беше и печатница и учебникар, што беше тешко спроведливо и несоодветно. Сега тоа го префрливме кај издавачките куќи – нагласи Јаневска.

    Таа нагласи дека процесот е направен максимално транспарентен и дека сите документи поврзани со постапките се достапни на веб-страницата на Педагошката служба. Дополнително, биле организирани три онлајн семинари за училиштата со цел правилно да се спроведува замената на старите и оштетени учебници.

    Според министерката, во претходните години се појавувале проблеми со дотраени и оштетени учебници поради несоодветно спроведување на процедурите во училиштата, но очекува годинава тие пропусти да бидат надминати.

    Таа посочи дека значително е зголемена и свеста за одговорно користење на учебниците, а училиштата ќе добијат онолку примероци колку што ќе побараат. Министерката информираше дека Министерството извршило проверки во повеќе училишта и оти било потврдено дека дистрибуцијата на најголемиот дел од учебниците е веќе завршена.

    – Добрата вест е што дистрибуцијата на најголемиот дел од учебниците веќе е завршена по училиштата и во тек е финализирање на целиот процес за новата учебна година – истакна Јаневска.

    Говорејќи за вештачката интелигенција, министерката истакна дека дебатата за нејзините придобивки и ризици се води на глобално ниво и додаде дека целта на Министерството е нејзиното воведување во образовниот процес да биде насочено кон подобрување на наставата и учењето.

    – Нашата намера е да им помогнеме на наставниците и на учениците да ја користат вештачката интелигенција на правилен начин, да ги искористат нејзините позитивни страни за креативност, иновативност и учење, но истовремено да бидат свесни и за можните злоупотреби – рече Јаневска.

    Во однос на државната матура, Јаневска оцени дека просечната оцена од 3,66 ги отсликува реалните постигања на учениците и дека резултатите се поблиску до реалната состојба благодарение на построгите процедури и контролни механизми во спроведувањето на испитот.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден објавува Журнал.мк

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.