Јаневска: Ниту една промена во образованието нема да се случи без консултации со наставниците

Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете најголема потпора и поддршка во следниот период. Имаме големи планови врзани за подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, а во рамки на сето тоа, еден од фокусите ќе биде и враќање на вашиот дигнитет, достоинство и подобар статус во општеството. Ова во видео обраќање пред наставници, го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК што денеска и утре се одржуваат во Струга.

„Основното образование е приоритет, мој како министерка, и на Владата. Но, ниту една промена нема да се случи без вас. Затоа што сте најважната алка во воспитно образовниот процес и јасно е дека ако не сме на иста страна, ако немаме усогласен став, нема да има успех. Затоа најавив и повторувам – ништо нема да правиме без ваша согласност, на сила или пак инкогнито. Помина тоа време“, рече Јаневска, додавајќи дека активно ќе работи во интерес на наставниците, но заеднички фокус треба да бидат младите.

„Ако треба нешто да издвојам, тоа сигурно е потпишувањето нов колективен договор за основно и средно образование и тоа ќе се случи во текот на мандатот на оваа Влада. Пред неколку дена ја остваривме првата средба и начнавме првична дискусија со раководството на СОНК и заедничка заложба е да создадеме повеќе можности за вас“, нагласи Јаневска.

01.07.2024 - 20:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега