Почина тетовчанец, паднал и се повредил додека извршувал работни задачи

Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово - Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште.

Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им  подлегнал на повредите. На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

03.07.2024 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега