Управата за хидрометеоролошки работи ги измери температурите утрово, на територијата на Македонија. На првиот ден од есента, измерени се само 4 степени на Попова Шапка. Крушево е исто така едно од најстудените места со измерени 7 степени. Осум степени се измерени во Радовиш, а по 9 во Ѓуриште, Претор и Охрид.

Гевгелија утринава со 17 степени е најтоплото место во Македонија.

УХМР измери 17 степени и во Скопје, со што се вбројуваме во најтоплите места.

Променливо облачно време со сончеви периоди, свежо и ветровито, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните планински региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено и силен северен ветер, со брзина до 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Exit mobile version