Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на дискусијата на Советот за општи работи на Европската Унија.
На состанокот ќе се разговара за напредокот во областа на владеењето на правото во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
Трајков ќе ја истакне посветеноста на земјата кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во согласност со областите опфатени во Извештајот за владеење на правото за Северна Македонија.


