Општина Василево за помалку од една година реализираше и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и културата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќе населени места се реализираат инфраструктурни зафати со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.

Во Пиперево, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачки патеки од двете страни.

Во Владевци се асфалтира патот до црквата „Успение на Пресвета Богородица“, додека во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“. Завршено е и асфалтирањето на патот кон селските гробишта.

Во Добрашинци е асфалтиран дел од главната улица, а во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што, според ВМРО-ДПМНЕ, е решен долгогодишен инфраструктурен проблем.

Од партијата додаваат дека Општина Василево продолжува со реализација на нови проекти и инвестиции во повеќе области.

Exit mobile version