Тешка сообраќајна несреќа се случила на 20 септември околу 00:30 часот на патот меѓу Алибунар и Селеуш, кога автомобил излетал од коловозот и се превртел, при што се повредени седум лица, меѓу кои шест малолетни деца. Две од децата се здобиле со тешки повреди опасни по живот.
Според информациите од Основното јавно обвинителство во Панчево, со возилото „Опел Астра“ управувал 43-годишниот татко, кој во автомобилот ги превезувал сопругата и шесте деца.
При полициската контрола, кај возачот биле измерени 1,70 промили алкохол, а се сомнева и дека возел со брзина неприспособена на условите на патот. Во еден момент тој изгубил контрола, по што возилото излеталo и се превртелo.
Кај пет лица биле констатирани полесни телесни повреди, додека двете малолетни деца се со тешки повреди опасни по живот. По наредба на дежурниот јавен обвинител, 43-годишниот возач е задржан во траење до 48 часа, по што ќе биде изведен на сослушување.


