ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС и лидерот Венко Филипче немаат економска стратегија и визија за развој на државата, ниту план за привлекување нови инвестиции, отворање фабрики и создавање нови работни места.
Од партијата велат дека барањето за плата од 600 евра и подобар животен стандард мора да биде проследено со конкретен план за зголемување на продуктивноста, инвестициите и вработеноста.
„Граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за повисоки плати – кои инвестиции ќе се привлечат, кои индустрии ќе се развиваат и како ќе се зголеми конкурентноста на македонската економија“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДС и дека се спротивставува на нови инвестиции и проекти, меѓу кои дата-центри и рудници, и дека нема конкретни решенија за економскиот развој.
Од партијата додаваат дека нивен приоритет е привлекување нови инвестиции, отворање работни места и фабрики и зголемување на животниот стандард на граѓаните.


