Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 7 часот се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, нема активни пожари, еден е ставен под контрола, а 30 се целосно изгаснати.
Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, на местото „Кајорец“, кој се проширил кон Јасен во Општина Сопиште. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 30 пожари на отворен простор.
Во Скопскиот Регион пожари биле регистрирани во општините Гази Баба, Бутел, Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Шуто Оризари. Горела ниска вегетација, ниска шума, ѓубре, стрништа, трска и насади.
Пожари имало и во Куманово, Виница, Штип, Кратово, Старо Нагоричане, Желино, Врапчиште, Охрид, Кавадарци, Росоман, Велес, Струмица, Валандово и Липково.
Најчесто гореле ниска вегетација, стрништа, грмушки, слама и отпад, а дел од пожарите биле регистрирани и на депонии.
Од ЦУК информираат дека сите 30 пожари се изгаснати.


