Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа

    30.10.2026 во 09:20

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18

    Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола

    30.10.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
    • ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
    • Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
    • Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
    • Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Итната медицинска помош во Скопје се издвојува како самостоен Центар

    Итната медицинска помош во Скопје се издвојува како самостоен Центар

    19.06.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ја усвои информацијата за формирање на посебен Центар за итна медицинска помош Скопје, по предлог на Министерството за здравство.

    Оваа одлука има за цел да воспостави поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, да го скрати времето на интервенција на терен и да ги унапреди вкупните капацитети за спасување на човечки животи.

    Ресорниот министер образложи дека овој чекор претставува сериозна структурна промена која ќе донесе поголема оперативна независност на самата служба.

    „Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата. Со формирањето самостоен Центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Предложената реформа не претставува создавање нов систем, туку институционално зајакнување и модернизација на постојната организација за подобро планирање на ресурсите, инвестициите и кадровскиот развој“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

    Според планот на Министерството за здравство, процесот ќе се реализира етапно, при што главниот град е земен како почетна точка на реформата.

    Во првата фаза е предвидено издвојување на ИМП Скопје како самостојна институција, по што постепено ќе следи интегрирање на останатите служби во рамки на идниот Центар за итна медицинска помош.

    Надлежните посочуваат дека целата реформа се темели на веќе проверени и позитивни искуства од земјите во регионот каде што оваа служба функционира како посебна институционална структура.

    Ваквата организација треба да овозможи подобра координација на медицинските тимови, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување на единствени стандарди за работа и професионален развој.

    Формирањето на Центарот ќе придонесе за надминување и на долгогодишните кадровски и организациски предизвици, обезбедувајќи поефикасен систем на итна медицинска помош за граѓаните, наведуваат на крајот од Министерството.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18

    Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола

    30.10.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.