Источна и централна Македонија гласа, низок процент на излезност во западниот дел на земјава
Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2 080 избирачки места гласале 141 087 лица, односно 12, 87 отсто.
Најголема е излезеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.
-Може да се забележи дека во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на претседателските, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок, рече на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13, 69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто.
Споредено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезноста од 2,69 проценти на овие избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа