Турци приведени на скопски аеродром и протерани од Македонија

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.К.(26) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

Нa 12.01.2025 во 10:00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи.

Од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Македонија од три, односно пет години.

20.01.2025 - 21:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега